Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош после натпреварот со Македонија искажа задоволство од пласманот на селекцијата на Мундијалот во Катар. Тој напомена дека почетокот бил тежок за неговата репрезентација, но дека ги искористиле шансите од противнапади и дале два гола.
„Голема радост за нас. Голема радост за 11 милиони Португалци кои ќе ја гледаат репрезентацијата на уште едно Светско првенство. Морам да им честитам на играчите кои беа трпеливи и обединети, и покажаа тимски дух. На почетокот играчите мислеа дека лесно ќе го скршат отпорот на противникот, а јас знаев дека нема да биде така. Искористивме две шанси од противнапад. Португалија го заслужи ова, исто така и играчите. Имаме голема иднина пред нас“, рече Сантош.
Тој напомена дека сега кога мисијата е исполнета, Португалија ќе се бори за пехарот на Светското првенство.
„Сега одиме по сонот. Мојот сон и на сите во Португалија. Беше важно да се пласираме, а сега кога успеавме, одиме по нашиот сон. Имаме многу квалитет, и ако секогаш постои тимскиот дух како денеска, тогаш поблиску сме до целта“, смета Сантош.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА