Сара Ристовска: Дојдено е време да се пласираме на големо натпреварување

Сара Ристовски е оптимистички расположена во очекување на бараж пресметката на Македонија за пласман на СП.

Македонските девојки лесно ја минаа квалификациската група со три победи, па сега остануваат и последните два натпревари од баражот за пласман на СП.

„Го дадовме максимумот за да дојдеме до овие три победи. Мора да кажам дека пеколно се подготвувавме за овој турнир. Одигравме според договореното, нормално имаше и падови во играта но кога се ќе се сумира повеќе од заслужени три победи“ – вели Ристовска.

А, што се однесува до тоа кој противник се посакува за баражот…

„Навикнати сме некако на Шведска“ – низ смеа прокоментира Ристовска, веднаш дополнувајќи:

„Не, сеедно е кого ќе добиеме во баражот. Имаме доволно време да се подготвиме, и во клубовите каде настапуваме и потоа во репрезентацијата. Без разлика кој ќе ни се падне мора да одиграме максимално, и конечно да се пласираме на едно големо натпреварување“.

Се вчитува...