Сара Ристовска: Оваа селекција има квалитет за три победи на престојниот квалификациски турнир

Македонската женска ракометна репрезентација утре против Исланд ги стартува квалификациите за пласман во баражите за Светското првенство во Шпанија.

Сара Ристовска вели дека, и покрај тоа што воопшто не се потценуваат противниците, Македонија ќе оди на три победи против Исланд, Литванија и Грција.

„Противниците ни се добро познати, воопшто не сакаме никого да потцениме но со дисциплинирана игра сакаме да дојдеме до три победи на овој квалификациски турнир. Имаме и промени во нашата селекција, подобра организација, како и нови млади ракометарки на кои ние поискусните се обидуваме насочувајќи ги да им помогнеме. Оваа репрезентација која е спој на младост и искуство има свои квалитети и верувам ќе ги демонстрираме на натпреварите кои престојат“ – изјави Ристовска пред денешниот тренинг на националниот тим.

Утрешниот натпревар против Исланд во СЦ „Борис Трајковски“ се игра со почеток од 17:45 часот. Во сабота Македонија ќе се соочи во истиот термин со Литванија, а во недела е дуелот со Грција.

Се вчитува...