Сара Ристовска прогласена за најдобро десно крило на Купот на Русија

ЦСКА Москва и Сара Ристовска успеаја да ја одбранат титулата во Купот на Русија откако во драматичното финале во Ростов славеа над домашниот тим со минимални 30-29.

Македонската репрезентативка имаше голем придонес во победата на својот тим постигнувајќи четири голови па покрај трофејот обезбеди и место во идеалниот тим и беше прогласена за најдобро десно крило на турнирот.

За ЦСКА Москва тоа е трет трофеј во Купот на Русија. Претходните два беа освоени во 2023 и 2022 година.

Се вчитува...