Сара Ристовска со титула се збогуваше од ЦСКА Москва

Сара Ристовска имаше збогување од соништата од тимот на ЦСКА Москва откако македонската ракометарка во последниот меч за оваа екипа го предводеше рускиот состав до титулата во домашниот шампионат.

ЦСКА славеше со 2-0 во финалната серија против Ростов Дон, а денешниот меч беше супердраматичен ако се знае дека се играа две продолженија од по пет минути,во кои поуспешни беа Ристовска и нејзините тимски колешки. Македонката беше најдобра поединка на натпреварот, со осум гола носејќи ја титулата во Москва.

Само за потсетување, Сара Ристовска уште пред неколку месеци објави дека на крајот од оваа сезона ќе си замине од ЦСКА, прифаќајќи ја понудата за преселба во Романија и облекување на дресот на Рапид Букурешт.

Се вчитува...