Сари ќе добие отказ, Јуве го враќа Алегри?

Маурицио Сари скапо ќе го плати синоќешниот пораз од Наполи во финалето од Купот на Италија, откако раководството на Јувентус реши сериозно да ја разгледа опцијата за да му врачи отказ на својот тренер. Неговата фудбалска филозофија беше редовно критикувана дури и додека тимот победуваше, а откако „старата дама“ остана без еден од двата очекувани трофеи, сега Ањели и неговите најблиски соработници стравуваат дека лесно може да се загуби и трката за скудетото.

Поради ова, во Јувентус се подготвуваат за смена на Сари при првиот неуспех по продолжението во Калчо-лигата, а интересно е што главен фаворит за негов наследник е Масимилијано Алегри. Екс-тренерот на Јувентус нема ни да се прашува во целата ситуација, тој се уште добива плата од „црно-белите“ бидејќи има валиден договор со овој клуб, а Ањели и Недвед се убедени дека тој многу подобро би се снашол со тимот што го водеше до лани отколку било кој друг тренер кој би бил ангажиран пред самиот крај на сезоната.

Јуве во првото коло од продолжението на сезоната го очекува незгодно гостување во Болоња, на кое евентуален „кикс“ ќе значи и дефинитивна разделба од Сари.

Се вчитува...