Сари: Роналдо за една недела пак ќе биде фантастичен

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, се обидува да ја смири тензијата со Кристијано Роналдо откако отворено го критикуваше Португалецот за слабиот настап во финалето од Купот на Италија против Наполи. Португалецот игра многу слабо на двете средби по паузата поради коронавирусот, но Сари е оптимист дека тој наскоро ќе влезе во својата препознатлива форма.

„Зборував со Роналдо пред полуфиналето со Милан, потоа пред финалето, па последен пат зборувавме вчера, тоа беше долг разговор. Нормално е да има конфликти по пораз во еден толку значаен натпревар, но на Роналдо му е јасно дека ја има апсолутната доверба на сите во клубот. Тој е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, единствената дилема е кога ќе се врати во ритам. Очекувам за една недела Роналдо повторно да биде фантастичен, каков што го знаеме“, изјави Сари.

Следен предизвик за Јувентус е незгодното гостување против Болоња, меч на кој победата е императив за „старата дама“.

„Првите натпревари по продолженијата на сезоната секогаш се незгодни, Болоња е тим што игра квалитетен фудбал и сигурно нема да ни биде лесно“, предупредува тренерот на Јувентус.

Се вчитува...