Сари со критики за Роналдо: Далеку е од оној играч кој сме навикнати да го гледаме!

Маурицио Сари пропушти синоќа да дојде до првиот трофеј на клупата на Јувентус. Во финалето од Купот на Италија, Јувентус по пенал-рулетот загуби од Наполи. Сето тоа очекувано резултираше со бројни критики.

„По мечот не им зборував многу на играчите. Бев бесен и разочаран како и тие. Во такви моменти е подобро да се премолчи. Ни недостасуваа многу нешта на теренот… Далеку сме од формата во која игравме до март“ – рече Сари на прес-конференција, осврнувајќи се и на изданието на Кристијано Роналдо.

„Му недостасува онаа убиствена физичка подготвеност, не е тоа тој играч каков сме навикнати да го гледаме. Ист проблем имаат и Дибала и Коста“.

Се вчитува...