Сашко Пандев извлече реми за „пандевци“ на контролата со Силекс

Струмичкиот прволигаш Академија Пандев ремизираше (1-1) со македонскиот претставник во Лигата на шампионите ова лето, екипата на Силекс, на пријателскиот натпревар во Струмица.

На дуелот кој се играше на спортскиот комплекс „Горан Пандев“, Силекс поведе со голот на Тантуровски уште во 15. минута од натпреварот.

Но, ремито за „пандевци“ го донесе капитенот Сашко Пандев со голот во 85. минута од натпреварот.

Се вчитува...