Сасуоло го реши Јуве во судиското продолжение (ВИДЕО)

Јувентус загуби со 1-2 од Сасуоло во 10. коло од италијанската Серија А. Гостите поведоа со голот на Фратези во 44. минута. На 1-1 израмни Венстон Мекини во 76. минута. И кога се мислеше дека натпреварот ќе заврши, Максим Лопез беше херој за гостите со победнички гол во 95. минута.

Во останатите мечеви од понудата од 18.30 Сампдорија – Аталанта 1-3 и Удинезе – Верона 1-1. За Удинезе Илија Несторовски и овој натпревар го помина на клупата.

 

 

 

Се вчитува...