Сасуоло размислува за ангажман на Несторовски

Претседателот на Палермо, Маурисио Зампарини веќе во неколку наврати истакна дека нема во план да го продаде својот најдобар поединец, македонскиот фудбалски репрезентативец, Илија Несторовски оваа зима.

Наполи долго време ги следи неговите настапи, а според медиумите од Италија, Сасуоло сериозно размислува за негов ангажман. Тимот на Еузебио ди Франческо оваа сезона игра променливо и раководството на клубот е во потрага по квалитетен напаѓач, кој ќе му помогне на тимот да се искачи на повисоките позиции на табелата.

Рома ’гризе’ за трансфер на Дефрел, кој моментално настапува за Сасуоло и доколку се случи негова продажба, челниците на „зелено-црните“ ќе тргнат со сите сили кон Несторовски. Нашиот репрезентативец досега постигна седум погодоци и запиша три асистенции за тимот од Сицилија.

Се вчитува...