Саудијска Арабија досега привлече дури 15 врвни фудбалски ѕвезди, но дали сето тоа е долгорочно одржливо!?

Саудиска Арабија реално го промени фудбалскиот пазар во светот, но поголемиот дел фудбалски аналитичар и врвни стратези не се нешто посебно загрижени поради сето тоа.

Во Саудијска Арабија досега се преселија 15 врвни фудбалски ѕвезди, Рубен Невеш, Калуди Кулибали, Сергеј Милинковиќ – Савиќ, Секо Фофана, Алекс Телес, Марсело Брозовиќ, Кристијано Роналдо, Андерсон Талиска, Карим Бензема, Енголо Канте, Жота, Едуард Менд, Роберто Фирмино, Џордан Хендерсон и Муса Дембеле.

„Да, саудијската лига го промени пазарот. Пред неколку месеци само Роналдо отиде таму, никој не можеше да замисли дека сега толку врвни играчи ќе се преселат во таа лига. Тоа и ќе се зголеми со текот на времето, па затоа останатите клубови во светот мора да бидат свесени од таквиот развој“ – вели Гвардиола, дополнувајќи дека Ријад Мархез добил неверојатна понуда па не можеле да го спречат неговиот трансфер.

Сепак, Гвардиола се прашува дали тоа е долгорочно одржливо…

„Но, не сум нешто претерано загрижен, не се работи за закана на пазарот туку за реалност. Сакаат да создадат квалитетна лига и засега им успева. Но, не знам дали е тоа одржливо, ако се чини дека се способни за такво нешто“ – вели Гвардиола.

Се вчитува...