Савевски го објави списокот на ракометарки за собирот во ЕХФ неделата

Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија Љубомир Савевски го објави списокот на повикани ракометарки за собир за претстојните натревари со репрезентацијата на Норвешка во рамки на ЕХФ неделата во период од 18-24 април.

За време на ЕХФ неделата сениорките ќе одираат два натпревари против селекцијата на Норвешка во EЕХФ Евро купот 2022. Натпреварите се закажани за 21.04.2022 (четврток) во Скопје и 24.04.2022 (недела) во Бекестуа, Норвешка.

Собирот е закажан за ден 18.04.2022 (понеделник) година со почеток во 12:30 часот во Хотел Александар Палас.

Се вчитува...