Савевски го објави списокот од 21 ракометарка за двомечот со Словениja

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски го соопшти списокот на ракометарки за претстојните натпревари со репрезентацијата на Словенија во рамки на ЕХФ Евро Купот.

За време на ЕХФ неделата сениорките ќе одиграат два натпревари против селекцијата на Словенија. Натпреварите се закажани за 03.03.2022 (четврток) во Целје, Словенија и 06.03.2022 (недела) во Скопје.

Собирот на репрезентацијата е закажан за ден 28.02.2022 (понеделник) во 12.30 часот во Хотел Александар Палас.

Во годинешното издание на ЕХФ Евро Купот, учесници се трите домаќините на Европското првенство, Македонија, Црна Гора и Словенија, како и актуелниот европски и светски шампион, Норвешка.

 

 

Се вчитува...