Савевски: Горд сум на овие девојки кои одиграа со срце

Женската ракометна репрезентација на Македонија го заврши својот настап на Европското првенство, откако во полседното 3. коло од групата Ц загуби од Романија со 23-31.

Селекторот Савевски по мечот вели дека иако забележавме три порази горд е на девојките кои играа на првенството.

„Многу сум среќен за тоа што во првото полувреме и дел од второто покажавме дека заслужуваме да сме на шампионатот. Сепак, наш проблем дефинитивно е ефикасноста. Имаме многу промашени чисти шутеви. Одигравме со срце и горд сум на девојките. Кога ќе изгубиш многу топки и ќе промашиш многу шутеви нормално е да изгубиш. Продолжуваме понатаму со некои промени и се подготвуваме за баражот за Светското првенство кој не чека во април“, изјави Савевски. 

Се вчитува...