Савевски: Иако загубивме не сум разочаран од девојките

Женската ракометна репрезентација на Македонија со пораз од Франција 14-24 во натпревар од 1. коло во Ц групата на Европското првенство 2022 година.

Селекторот на репрезентацијата, Љубомир Савевски по мечот вели дека не е разочаран бидејќи до самиот крај девојките не се откажале…

„Тежок меч за нас. Имавме многу проблеми во нападот каде 27 пати промашивме и имавме над десет грешки. Сепак, не сум разочаран бидејќи еден дел од мечот го одигравме во егал со Франција. Сакам да и честитам на Франција за одличната одбрана. Ќе повторам како и пред мечот мислам дека ова е најдобриот тим на Франција во историјата“, изјави Савевски. 

Се вчитува...