Савевски повеќе не е селектор на женската репрезентација на Македонија

Љубомир Савевски повеќе не е селектор на женската ракометна репрезентација на Македонија, потврдија од Ракометната федерација на Македонија.

По поразот од Украина во баражот за Светското првенство кое на крајот на годинава ќе се игра во Данска, Норвешка и Шведска Савевски и Ракометната федерација взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот во репрезентацијата.

Савевски се повлекува и од младинските категории каде направи голем успех со освојувањето на ЕХФ шампионатот во 2021 година.

„Ракометната Федерација на Македонија ја известува јавноста дека македонската куќа на ракометот и г. Љубомир Савевски, на 05 мај 2023 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на женските македонски ракометни категории. г. Љубомир Савевски ја извршуваше наведената функција во период јуни 2021 – мај 2023 година. Со почит, Ракометна Федерација на Македонија“, стои во соопштението на РФМ. 

Се вчитува...