Савевски: Ремито против Шведска е реален исход

Женската ракометна репрезентација на Македонија до 18 години одигра реми 20-20 против Шведска на стартот на главната групна фаза на Светското првенство кое се одржува во Скопје. Македонија стигна до ремито во еден трилер меч откако Дукоска во последната секунда успеа да реализира за нерешено.

Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Љубомир Савевски изјави дека ремито е реален исход…

„Мислам дека ремито е фер исход. Имавме свои шанси, но Шведска е многу добар тим и тие одиграа многу добро и квалитетно“, изјави накратко Савевски по мечот. 

Македонија во петок ја очекува мечот против Исланд во кој сами ќе решаваме за нашата судбина и пласман во четвртфиналето на Светското првенство.

Се вчитува...