Савевски: Три четвртини бевме во егал со Норвешка, имаме простор за напредок

Женската ракометна репрезентација на Македонија синоќа загуби со 18-24 од селекцијата на Норвешка во рамките од ЕХФ Еврокупот што го играме како дел од подготовките за претстојниот европски шампионат.

Селекторот на „црвено-жолтите“, Љубомир Савевски е задоволен од играта на неговите избранички во три четвртини од натпреварот, а вели дека на крајот дошло до пад кој го искористиле противничките.

„Ние три четвртини од натпреварот игравме во егал со Норвежанките. Падот во финишот беше клучен за нашиот пораз. Имавме многу промашени „зицери“ и технички грешки кои беа клучни за нашиот пораз. Сите знаеме која е Норвешка и на крајот добро е што одигравме добар натпревар. Имаме голем простор за напредок, ова се уште не е максимумот кој може да го даде оваа генерација“, вели Савевски. 

За вториот натпревр кој ќе се игра во Норвешка тој вели…

„Се надевам дека нема да ни се случи нешто како на двомечто со Словенија. Првата одигравме одлично, а потоа следуваше емотивно празнење. Овојпат имавме повеќе ракометарки во ротација и сметам дека ќе биде посвежи за вториот натпревар со Норвежанките. Ќе повторам сите добро знаеме која е Норвешка, како актуелен евроспки и светски шампион, но ние се подготвуваме максимално и одиме да дадеме максимум и на овој меч“, заврши Савевски. 

Натпреварот меѓу Норвешка и Македонија во ЕХФ Евро купот ќе се игра в недела со почеток во 16 часот.

Се вчитува...