Савевски: Жал ми е за навивачите бидејќи не одигравме како што знаеме

Женската ракометна репрезентација на Македонија го доживеа и вториот пораз на Европското првенство откако во 2. коло од групата Ц загубија од Холандија со 15-30.

Селекторот на Македонија, Љубомир Савевски по мечот вели дека мора да се запрашаат што понатаму, бидејќи со ваква игра ќе ја загубат публиката.

„Холандија одигра фантастично, ние одигравме лошо денеска. Направивме многу грешки, имавме повеќе од 20 промашени шутеви и многу технички грешки. Не одигравме добро во нападот. Многу брзавме во нападот и шутиравме без да создадеме шанса. Некогаш одигравме и добро во одбраната, но нападот ни беше многу лош. Жал ми е за публиката бидејќи не одигравме како што знаеме. Прашање за мене и ракометарките е што понатаму бидејќи ќе ги изгубиме навивачите“, изјави Савевски. 

Се вчитува...