Саздова до злато во јуниорска конкуренција на ЕП во Белград

Македонската каратистка Мила Саздова постигна извонреден резултат освојуваќи златен медал јуниорска конкуренција на Европското првенство во традиционално карате кое се одржува во Белград, Србија.

Покрај европската шампионска титула, Саздова освои и сребрен медал во кого-кумите за јуниорки.

Денеска на програмата на првенството се натпреварите и во екипните конкуренции.

Се вчитува...