Саздовска: Романија се гледа во втора фаза, но ние сме тука да им го заматиме видот

Женската ракометна репрезентација на Македонија утре ја очекува клучниот  натпревар против Романија за пласман во втората фаза на Европското првенство 2022 година. Македонија иако е аутсајдер и на овој меч се уште е во игра за третото место кое носи место меѓу 12 најдобри репрезентации на шампионатот.

Репрезентативното крило Јована Саздовска пред мечот со Романија вели дека мора добро да почнеме бидејќи ако имаме негатива на стартот ќе биде многу тешко да се вратиме.

„Можам да се кажам дека сме фокусирани на Романија. Тие се доста сериозен противник. Мора да подобриме некои работи и да ги намалиме техничките грешки. Не смееме да промашуваме зицери и мораме сериозно да го сфатиме натпреварот. Романија се гледа понатаму, но ние ќе се обидеме да им го загрозиме видот и ќе се обидеме колку можеме повеќе да бидеме во егал со нив. Франција и Холандија се многу позрели репрезентации од нас и имаат многу поголема минутажа од нас на големи натпреварувања. Доста е важен влезот во натпреварот. Ако влезе со негатива од пет гола, тешко дека ќе успееме да направиме нешто повеќе“, изјави Саздовска. 

Се вчитува...