СДСМ: Навивачките групи се искористени за партиска агенда, бараме казни поради прекршување на забраната за масовно групирање

Владеачката партија СДСМ обвинува дека навивачките групи „Комити“ и „Војводи“ биле искористени од ВМРО ДПМНЕ за пласирање на партиска агенда и ширење подлби на денот на кој се обележува смртта на македонскит великан Гоц Делчев. Од партијата реагираат на тоа што присутните челенови на овие навивачки групи скандирајќи „Никогаш Северна, само Македонија“ го спречија давањето изјава на вицепремиерката и минстерка за одбрана, Радмила Шекеринска. Дополнително од партијата бараат и сите присутни да бидат санкционирани затоа што не ги почитувале мерките за борба против коронавирусот со кое е забрането групирање во масовни групи.

„На големиот ден, 4 мај, на одбележување на 117 годишнината од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев, ВМРО-ДПМНЕ го покажа лицемерното, очајничко и режимско лице.Преку навивачки групи, ВМРО-ДПМЕ организира партиска пропаганда, и ги делат граѓаните пред гробот на македонскиот херој, Годе Делчев кој животот го посвети на обединување на македонскиот народ. Освен поделби и вештачки тензии, ВМРО-ДПМНЕ се обиде да ја попречи и слободата на изразување како и работата на медиумите.

Бидејќи собирањето во масовни групи е спротивно на мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот го повикуваме Министерството за внатрешни работи да преземе итни мерки и соодветно да ги казни прекршителите.Исплива на виделина и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои наводно се загрижени за здравјето на граѓаните и бегаат од избори, а во исто време организираат навивачки групи и собири спротивни на мерките и препораките на здравствените власти.Одново се покажува дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски останува на погрешната страна, против интересите на државата, против интересите на македонскиот народ, против интерсите на сите граѓани“ – стои во соопштението од СДСМ.

Се вчитува...