Се е подготвено за спектакл, Меси дебитира против Ремс

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси, треба да дебитира за новиот клуб претстојниот викенд против Ремс во 4-то коло од Лига 1. По неколку дена одмор во Барселона со своето семејство, Лионел Меси тргна за Париз, каде што ќе продолжи да тренира.

За првпат откако пристигна во Пари Сен Жермен, тој би требало да биде во конкуренција за тимот викендов кога „парижаните“ ќе бидат домаќини на Ремс.

Меси пристигна на „Паркот на принцовите“ на 11 август, што предизвика очекувано огромно внимание во јавноста. Пред неколку илјади фанови пред стадионот, Аргентинецот беше пречекан, а потоа во првиот натпревар од сезоната на тимот од Париз, беше претставен дома заедно со други засилувања ова лето.

Неговото деби со нетрпение се очекува во Париз, но и во остатокот од светот, а тоа, според најавите, ќе се случи во недела, 29 август, против тимот што забележа три нерешени резултати на почетокот на шампионатот, Ремс.

Се вчитува...