Се е подготвено за спектакл – Руиз 21 килограм потежок од Џошуа (ВИДЕО)

Се е подготвено за спекаклот во Ријад и борбата меѓу Ентони Џошуа и Енди Руиз. Пред мечот за светската титула во тешка категорија беше извршено официјалното мерење. Иако се говореше дека Руиз има ослабено по последната борба со Џошуа, сепак актуелниот шампион е потежок од последната борба меѓу двајцата.

Руиз моментално има 128,3 килограми, додека Џошуа е тежок 107.5 килограми. Мечот во кој Џошуа сака да се врати на врвот на светскиот бокс е закажан за 21:45 часот по средно европско време.

Се вчитува...