Се е подготвено за старт на сезоната – Нема заразени играчи во НФЛ

Ниту еден играч од НФЛ не е позитивен на спроведените тестирања на коронавирус во периодот од 12. до 20. август. Како што стои во официјалното соопштение направени се 58.397 теста, од кои 23.260 се играчи.

„Тоа што нема заразени играчи во текот на подготвителниот период е одлична вест за лигата и укажува на тоа дека протоколите кои беа направени од НФЛ влијаат на ограничување на ширењето на коронавирусот. Резултати исто така покажуваат дека играчите прават се како би останале безбедни на 17 дена пред почетокот на сезоната“, стои во соопштението од НФЛ. 

Новата НФЛ сезона почнува на 10. септември со дуелот меѓу актуелниот шампион Канзас Сити Чифс и Хјустон Тексанс.

Се вчитува...