Се јави и Кирјос: И јас правам глупости, но ова на Ѓоковиќ е без конкуренција

Лошото момче на светската тениска сцена, Ник Кирјос, во изминатиот период неколку пати го критикуваше Новак Ѓоковиќ и неговите ставови за коронавирусот, па очекувано Австралиецот беше меѓу оние кои експресно реагираа откако беше објавено дека српскиот ас е позитивен на Covid-19.

„Моите молитви се за здравјето на сите тенисери кои се заразија од коронавирусот. Само сакам да порачам – немојте веќе мене да ме прозивате за постапките што некои ги сметаат за неодговорни или глупави. Можеби и јас правам глупости, но ова е без конкуренција“, напиша Кирјос за случувањата на „Адрија Тур“ и позитивните тестови на Ѓоковиќ, Димитров, Троицки и Чориќ, како и на други лица кои се поврзани со тенисерите (сопруги, девојки, тренери…) или со турнирот.

Прворангираниот светски тенисер денеска објави дека е позитивен на коронавирус заедно со сопругата Јелена, додека резултатите на тестовите врз нивните деца биле негативни.

 

Се вчитува...