„Се колнам дека Роналдо изгледа лажно, тој е како Кен на Барби“

Капитенот на Аталанта, Папу Гомез говореше околу тоа како изгледа Кристијано Роналдо кога ќе го запознаеш во живо. Гомез по натпреварот меѓу Аталанта и Јувентус кој заврши без победник 2-2, го замолил Роналдо да се фотографира со неговиот син Баути, молба која што без никаков проблем ја прифатил португалскиот ас.

„Ви се колнам тој изгледа лажно. Неверојатен е, како згодна кукла. Роналдо е згодниот Кен на Барби“, изјави Гомез. 

Роналдо пред некое време стана првиот фудбалер кој успеал да постигне по 50 гола во трите најсилни фудбалски лиги во светот, Премиер-лига, Ла лига и Серија А.

 

Се вчитува...