Се местат „коцките“: Во најсилен состав, без многу експерименти, по триумф над Бугарија

ЕКИПА во Разград

Владимир Булатовиќ

Македонскиот селектор Благоја Милевски веќе добро го знае почетниот состав за дуелот против Бугарија кој националниот тим го очекува денеска од 18 часот на „Хувефарма арената“ во Разград.

Милевски за почетниот натпревар во Лигата на нациите нема да може да смета на Ристовски, Адеми, Јаховиќ, Костадинов, Ракип како и Валон Етеми, кој поради обврските во Истанбулспор ќе се приклучи директно на вториот натпревар во Гибралтар. Токму поради тоа и скратени се можностите за „маневри“, па веќе може и да се насети почетниот состав за денешниот натпревар со носители во групата од Ц-лигата во Лигата на нации.

Јасно е дека, без никакви калкулации поради згуснатиот распоред од четири натпревари во десет дена, без експерименти и со најсилниот можен состав се очекува Милевски да го почне дуелот.

Согласно очекувањата, во дефанзивата веднаш пред голманот Димитриевски се очекува да бидат стандардните Алиоски, Велковски и Муслиу, овој пат заедно и со Стефан Ашковски.

Во средниот ред, како последни играчи за врска се очекува да бидат Барди и Николов, или евентуално со Стефан Спировски од првата минута, заедно со Елиф Елмас како поофанзивна поддршка, а во офанзивата Чурлинов, Трајковски и Милан Ристовски како водечки напаѓач.

 

Се вчитува...