Според информациите од Каталонија, спортскиот директор на Барселона Деко, вчера отпатувал во главниот град на Шпанија, каде наводно се водат завршни разговори за голем трансфер. Станува збор за ангажман на напаѓачот Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, зделка која би требало да чини нешто повеќе од 100 милиони евра.
Деко бил забележан на аеродромот во Мадрид, што дополнително ги засили шпекулациите дека Барселона се обидува да го заврши трансферот на еден од најбараните фудбалери во Европа.
Се очекува разговорите да влезат во завршна фаза во следните часови, а доколку се постигне договор, Барселона би добила огромно засилување во нападот.
Хулијан Алварез, кој важи за еден од најталентираните напаѓачи во светот, веќе подолго време е поврзуван со трансфер во голем европски клуб. Неговиот евентуален премин во Барселона би бил еден од најголемите трансфери во летниот преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
