Се најавува нов мега-спектакл: Ќе има нова борба меѓу Нурмагомедов и МекГрегор?

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт верува дека наскоро ќе се организира реванш мечот меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор МекГрегор. Вајт силно го посакува реваншот, како и МекГрегор, но околу тоа главниот збор ќе го има Нурмагомедов.

Враќањето на Хабиб во октагонот е најавено за август или септември, а Вајт потврдува дека работи на организација на нов мега-спектакл.

„Би сакал еден таков реванш. Работиме на тој мега-спектакл. МекГрегор сака, ние од УФЦ силно посакуваме таков меч, а и Хабиб мислам дека ќе се согласи“ – вели Вајт, кој открива дека мечот меѓу Хабиб и Тони Фергусон најверојатно нема да се случи.

Се вчитува...