Се најде јунак, Сила со хет-трик и го нанесе првиот пораз на Шкендија

Во дербито на шестото коло во Првата Македонска фудбалска лига, Тиквеш како гостин и го нанесе првиот пораз на Шкендија и тоа со 1:3.

Јунакот кој ги шокира тетовчани е Нфанли Сила кој ги даде сите три гола за кавадарчани.

Резултатот беше отворен во 19-та минута, а во второто полувреме Сила постигна уште два гола. Прво во 60-та минута зголеми на 0:2, а во 72-тата минута го постави конечниот резултат. Единствениот гол за Шкеднија го постигна Дрилон во 67-та минута.

Шкендија и покрај поразот останува лидер на табелата со 15 бодови, додека Тиквеш се искачи на второто место со 11 бода и стана најефиксна екипа во 1МФЛ со 15 гола на шест меча.

Се вчитува...