Серијата извонредни настапи на Лео Меси во дресот на Интер Мајами беше прекината со синоќешниот дуел против Нешвил што заврши без голови, прв меч без постигнат погодок на Интер Мајами откако Меси дојде во овој клуб.
Дуелот беше реприза на финалето од лига-купот на САД во кое Интер славеше на пенали и Меси го крена својот прв американски трофеј, но овојпат случувањата на теренот беа нешто поразлични. „Бункерот“ на Нешвил успеа да одолее на налетите на домашниот состав, а Меси имаше само две шанси од слободен удар, но не успеа да го најде патот до мрежата.
Интер Мајами по синоќешниот триумф на Торонто се наоѓа на делба на претпоследното место на табелата, па јасно е дека Меси и соиграчите ќе мора што поскоро да влезат во долга победничка серија ако сакаат да обезбедат учество во плејофот од МЛС-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА