Се најде на поширокиот список на Германија за Мундијалот, па скромно вели: Тоа е нереално…

Рани Кедира, помладиот брат на прославениот германски репрезентативец Сами Кедира, беше вклучен во поширокиот список за Германија во пресрет на Мундијалот за Катар. 28-годишниот играч на Унион Берлин се најде меѓу 55-те фудбалери кои ги одбра Ханс Флик, а од нив ќе води само 26 во Катар.

Рани Кедира даде интересен коментар околу неговото вклучување во поширокиот список на четирикратниот светски првак.

„Ме информираа дека сум на списокот на Флик. Малку е нереално, исто како и сегашната табела во Бундеслигата, но дава самодоверба“, изјави Кедира. 

Неговиот тим Унион е на првото место на табелата, и тоа се случува првпат во историјата на клубот. Кедира беше дел од сите досегашни 12 меча во Бундеслигата за тимот од Берлин.

Се вчитува...