Се одлага и „рестартот“ на ракометот

Зголемените бројки на заразени лица од коронавирус на територијата на Македонија сериозно го нарушуваат и ритамот на спортските настани во нашата држава. Кошаркарската лига воопшто не е почната,  стартот денеска беше одложен на неодредено време, а принудна промена е извршена и во календарот на ракометната Супер-лига, што требаше да продолжи на 14 октомври.

Во „куќата на ракометот“ е донесена одлука за одлагање на продолжението на натпреварите од групата А за седум дена, што значи дека ракометните возбудувања ќе продолжат на 21 октомври. Што се однесува до групата Б, која беше ставена во мирување нешто подоцна, нејзиниот старт останува непроменет.

Сепак, останува загриженоста дали доколку трендот на високи бројки од заразени продолжи, датумот 21 октомври ќе остане валиден за продолжение на сезоната, или ќе дојде до ново одлагање.

Се вчитува...