Се огласи и Борна Чориќ: Жал ми е ако на некого му нанесов штета

Хрватскиот тенисер Борна Чориќ е позитивен на коронавирус. Откако уште синоќа беше објавено дека Григор Димитров е позитивен на коронавирус, стигна информацијата дека меѓу заразените се и Чориќ, тренерот на Димитров, Кристијан Грох и кондицискиот тренер на Новак Ѓоковиќ Марко Паники. По повод новата ситуација се огласи и Чориќ кој жали доколку некој поради него исто така е инфициран.

„Сите кои беа во контакт со мене последните неколку дена треба да се тестираат. Жал ми е поради штетата која можеби ја нанесов. Се чувствувам добро и немам симптоми. Чувајте се и останете здрави. Ве молам сите“, порача Чориќ. 

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ не се тестираше во Задар, велејќи дека тоа ќе го направи по неговото враќање во Белград.

Се вчитува...