Новак Ѓоковиќ доживеа несекојдневен инцидент по вчерашниот меч на турнирот во Рим. Србинот беше погоден со шише во главата додека потпишуваше автограми по својот меч од втората рунда на овој Мастерс-турнир.
Организаторите по инцидентот соопштија дека се е несреќен случај откако едно од децата кои барале автограм додека се наведнувало кон Новак неговото алуминиумско шише за вода паднало од ранецот директно на главата на најдобриот светски тенисер.
Дека ситуацијата не беше наивна покажа и тоа дека Ѓоковиќ експресно беше испратен во болница за санирање на исекотината на темето. Но, по враќање од болница во својот хотел, се огласи и самиот Ѓоковиќ кој нагласи дека сето тоа беше несреќа а тој се чувствува добро и сигурно ќе го продолжи настапот на турнирот во Рим.
View this post on Instagram
„Благодарам на сите на пораките. Ова беше несреќа и јас сум добро, одморам во хотел со ладни облоги. Се гледаме во недела“ – напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.
Thank you for the messages of concern. This was an accident and I am fine resting at the hotel with an ice pack. See you all on Sunday. #IBI24
— Novak Djokovic (@DjokerNole) May 10, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА