Се огласи и Пепе: Им се извинувам на сите…., но не и на Алиоски

Французинот од редовите на Арсенал, Николас Пепе, им се извини на соиграчите за непромислениот потег и исклучувањето кое го заработи по инцидентот со македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски на натпреварот со Лидс.

Пепе се покаја за потегот и ударот со глава на Алиоски по кој доби исклучување, извинувајќи се на сите но не и на македонскиот репрезентативец.

„Го оставив мојот тим на цедило во клучниот период и нема изговор за моето однесување. Многу ми е жал и сакам да им се извинам на навивачите, на соиграчите, на тренерот и на сите во клубот“ – напиша синоќа Пепе на официјалниот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicolas Pepe (@nicolas.pepe19)

Се вчитува...