Се подготвува голема трампа меѓу Атлетико Мадрид и Јувентус

Атлетико Мадрид и Јувентус би можеле да направат интересна трампа во финишот на летниот преоден рок, во која би биле вклучени двајца напаѓачи – Џонатан Дејвид и Александар Сорлот.

Според информациите од италијанските медиуми, Серлот веќе дал зелено светло за трансферот. Норвежанецот ги договорил личните услови со Јувентус и сака да се пресели во Торино. Сега останува Атлетико да постигне договор со Џонатан Дејвид.

Мадридскиот клуб сака да направи промени во нападот, а Серлот уште од почетокот на летото се споменува како еден од играчите кои би можеле да го напуштат „Метрополитано“.

Ситуацијата дополнително ја усложнуваше иднината на Хулијан Алварез. Аргентинецот не сака да се пресели во Арсенал, а неговата неизвесна иднина ги кочеше плановите на Атлетико на трансфер-пазарот.

Поради тоа што времето истекува, трампата со Јувентус би можела да се покаже како идеално решение за мадридскиот клуб.

Џонатан Дејвид минатото лето пристигна во Јувентус како слободен играч од Лил, но досега не успеа целосно да ги оправда очекувањата. Канадскиот напаѓач одигра 46 натпревари во сите натпреварувања, но постигна само осум гола и запиша пет асистенции.

Од друга страна, Серлот е четири години постар и е поинаков тип на напаѓач. Норвежанецот во изминатите две сезони во дресот на Атлетико одигра дури 107 натпревари, на кои постигна 44 гола и запиша три асистенции.

Се вчитува...