Голем „ремонт“ ќе се случува во Атлетико Мадрид ова лето. Според информациите, тимот предводен од Диего Симеоне планира да се засили со дури седум нови играчи.
Спортскиот директор на клубот, Матеу Алемани планира да потпише лев бек, централен дефанзивец, централен играч за врска, двајца крилни фудбалери, еден напаѓач како и замена за Антоан Гризман.
Уште од сега почнаа да се појавуваат шпекулации окол утоа кој ќе го засили тимот. На левата бековска позиција посакуван е Марк Кукуреља од Челси, а сакаат да го потпишат и Бернардо Силва како замена за Гризман.
Исто така тимот од Мадрид се надева дека ќе го потпише Николас Гонзалез од Јувентус, кој минатата сезона играше за Атлетико како позајмен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
