Супер-размена меѓу Реал и Јувентус: Дибала за Иско или Тони Крос!?

И покрај фактот дека пандемијата на коронавирусот предизвика сериозни финансиски размрдувања во европските фудбалски гиганти, јасно е дека Европа ја очекува повторно исклучително интересен преоден рок.

Потврда за тоа е токму најавената спектакуларна размена меѓу Реал Мадрид и Јувентус. Шпанските медиуми пренесуваат дека Јувентус веќе почнал разговори со „кралевите“ кои се заинтересирани за Пауло Дибала. Реал го сака во своите редови Аргентинецот, но не се подготвени да платат за него 100 милиони евра колку што бара Јувентус.

Реал Мадрид сега отворено ги нуди Тони Крос и Иско како дел од евентуален трансфер на Дибала. „Старата дама“ ќе може да избира меѓу Германецот и Шпанецот доколку се согласи Дибала да ги испрати во спротивна насока. „Кралевите“, покрај еден од своите фудбалери, нудат плус и 30 милиони евра.

Но, сега околу оваа „зделка“ се прашува и новиот тренер на тимот од Торино, Андреа Пирло, кој јасно потенцираше дека Дибала треба да биде важен дел од изгледот на неговиот иден тим.

Се вчитува...