Се подготвува целосен летен ремонт во Дортмунд, си заминуваат многу фудбалери меѓу кои и Халанд

Борусија Дортмунд ќе прави летен ремонт во составот. Барем такви се најавите од германските медиуми деновиве, а меѓу оние кои ќе си заминат се наоѓа и Ерлинг Халанд, околу кој се крена многу прашина во последните месеци.

На негово место во Борусија би требало да пристигне Тимо Вернер, и заедно со Адејеми да го сочинуваат напаѓачкиот тандем на „милионерите“, а тука се уште и Ројс и Мален. Доколку не се договорат со Вернер, втора варијанта е Лука Јовиќ.

Германските медиуми шпекулираат и за заминување на Бранд, Витсел, Загаду, Мение, Аканџи, Азар, Шулц, Рениер (ќе се врати во Реал Мадрид), Понграчиќ ( се враќа во Волфсбург) и Бурки.

Веќе е познато дека следната сезона Борусија ќе биде посилна за Никлас Зиле и на Карим Адејеми. Покрај Вернер, има шпекулации дека ќе дојдат и Мазрауи, Шлотенберг. Исто така во последно време се шпекулира и за враќање на Усман Дембеле, што значи дека повторно Борусија ќе биде силна, и конечно ќе може да го симне Баерн од тронот.

Се вчитува...