Се повреди уште еден ас на Ливерпул

Главоболките на Јирген Клоп во пресрет на продолжението од сезоната во Премиер-лигата уште повеќе се зголемија откако се повреди и капитенот Џордан Хендерсон. Тој беше стартер за Англија на вчерашното гостување против Белгија, но мораше да биде заменет уште на полувремето.

„Хендерсон почувствува болка во мускулот и кажа дека не може да продолжи. Колку е сериозно ќе дознаеме по враќањето назад во Англија, каде ќе му бидат извршени нови прегледи“, изјави англискиот селектор Герет Саутгејт.

Тешко е да се поверува дека Хендерсон со повреда на мускулот ќе биде подготвен за следниот премиерлигашки дуел, на домашен терен против лидерот Лестер. Ова е последен во низата проблеми за Клоп, кој не може да смета на Салах, Гомез, Ван Дајк и Александер Арнолд.

Се вчитува...