Се препукуваа вербално, а сега си делеа подароци

Проектот Суперлига не успеа, иако 10 клуба првично се одлучија да пристапат до таа мисија. Меѓутоа реагираше УЕФА и го спречи тоа, а потоа се кренаа и навивачите. Така Суперлигата не успеа, барем не досега, а Реал Мадрид секогаш истакнува дека не се откажал од таа мисија. Така имаше „војна на зборови“ меѓу Флорентино Перез и првиот човек на УЕФА Александар Чеферин.

Меѓутоа пред финалето вечерва, двајцата си делеа подароци. Тие се сретнаа во Париз по повод финалниот меч. Беа пријателски расположени еден кон друг и се однесуваа како нитшо да не се случило.

Се вчитува...