Македонската репрезентација со денешното приклучување на Александар Трајковски и Езгијан Алиоски, кои пристигнаа од Саудиска Арабија, го комплетираше планираниот состав за првиот натпревар од новата сезона во Лигата на нации против Бугарија на 2. јуни во Разград.
Трајковски и Алиоски попладнево го одработија и првиот тренинг приклучувајќи се на тимот на Благоја Милевски.
Македонската селекција утро во 16 часот со чартер лет заминува за Варна, од каде ќе се префрли во Разград каде се игра натпреварот со Бугарија на 2. јуни од 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА