Нема кој љубител на фудбалот не се сеќава на чешкиот џин Јан Колер. Фудбалерот на Чешка беше „кобен“ и за Македонија во мечот на 8. јуни 2005 година, кога постигна четири гола во победата од 6-1, и претходно во Скопје постигна еден гол во победата од 0-2 на неговата селекција.
Во моментов Јан Колер има 50 години, но и натаму игра фудбал. Додуша аматерски, но ги тресе мрежите за неговиот матичен клуб, Сметанова Лота кој се натпреварува во четвртата аматерска лига на Чешка. Колер во оваа сезона има осум постигнати голови, и е најдобар стрелец на екипата.
Колер во минатото играше за Спарта Прага, Локерен, Андерлехт, а најблескавите денови во кариерата ги мина во Борусија Дортмунд, за која играше пет години, и стигна до трофејот во Бундеслигата, и до финалето на тогашниот Куп на УЕФА. Потоа беше дел од Монако, Нирнберг, Крилја Совјетов и Кан. За Чешка одигра 91 меч, и постигна 55 голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА