Хозе Мануел Пинто кој беше дел од легендарната генерација на Барселона која од клупата ја предводеше Пеп Гвардиола, најчесто добиваше шанса во куп натпреварите, а беше најпознат по активностите надвор од терените.
Пинто од фудбалот се прости пред пет години кога одлучи да ја прошири својата музичка кариера која ја негуваше и додека беше дел од Барса и почна да настапува под уметничкото име Вахин. Сепак, тој во меѓувреме стана и инструктор по зумба и почна да држи часови во својата сала.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА