Се соочија Џошуа и Руиз: Повторно ќе те нокаутирам!

Енди Руиз на 7. декември во Саудиска Арабија ќе ги брани појасите светски шампион во тешка категорија против Ентони Џошуа.

Мексиканецот во јуни го шокираше светот откако го нокаутираше Џошуа во седмата рунда, па на сегашното соочување му вети дека нешто исто такво го чека во декември.

„Знам дека ќе дојде потполно подготвен, но и јас ќе бидам подготвен. Луѓето велат дека не сум сериозен, а јас ќе им кажам нека ги погледнат овие појаси. Ќе ги зачувам и ќе ги вратам во Мексико. Не сакам само 15 минути слава, сакам долги години владеење“ – истакна Руиз по соочувањето.

Од друга страна Џошуа беше многу помирен, но ветувајќи дека сега тој ќе биде тој кој ќе ги освои појасите.

„Оваа борба долго ја чекам. Појасите повторно ќе бидат во мои раце“ – кратко порача Џошуа.

Според обложувалниците Џошуа е голем фаворит, но првиот нивни меѓусебен меч покажа дека нема фаворити во овие борби.

Се вчитува...