Се сруши конструкцијата на легендарниот „Монументал“ во Чиле, десетици повредени, за среќа нема жртви (ВИДЕО)

Десеттици навивачи на чилеанскиот Коло Коло се повредени откако се сруши конструкцијата на легендарниот стадион „Монументал“ во Сантијаго за време на тренингот пред натпреварот со Универзидад Католика.

Навивачите, поради огромната посета, стојеја и на конструкцијата и на семафорите на стадионот па предизвикаа рушење на конструкцијата која падна на трибината полна навивачи.

 

Според првите извештаи од терен, за среќа, избегната е поголема трагедија. Нема мртви, а повредени се десеттици навивачи, но никој не е во животна опасност.

Полицијата потврди дека активирана е истрага за причините за несреќата, но сите индикации е дека е предизвикана токму од навивачите кои навиваа од делот на стадионот кој не е за тоа предвиден.

Се вчитува...