Се возобновува турнирот во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“

Во  име на прерано починатиот Оливер Соколов – Сокол повторно се возобновува турнирот во мал фудбал, во сеќавање на Сокол кој традиционално 16 години успешно се одржуваше под покровителство на жителите на Карпош 1 и Општина Карпош на игралиштето “Сокол” кое е во склоп на ОУ Христијан Тодоровски Карпош – Карпош 1.

Оливер Соколов – Сокол е еден од основачите и водачи на навивачката група Комити. Човек кој на 18.08.1994 година во сообраќајна несреќа трагично го загуби својот живот токму поради залагањата на Комити во рамките на ФК Вардар.

 Овој турнир стана синоним за сите турнири во нашата држава и од година во година беше, е и ќе остане најдобро организиран и најпосетуван турнир во мал фудбал со амбиција конечно да прерасне во меѓународен турнир.

Се вчитува...